Викендов Македонија под топлотен бран од Африка и температури до 39°C
Територијата на Македонија за време на викендов (сабота и недела 27/28 јуни) ќе биде под влијание на претежно стабилна, сува и на многу топла воздушна маса од југ, односно од Африка која ќе условува да имаме претежно сончево и многу топло време со појава на мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен и од североисточен правец.
Во попладневните часови има мали услови за сосема ретка појава на краткотраен пороен дожд и грмежи (ништо сериозно).
Во Скопје и околината исто така во погоре споменатиот период ќе имаме претежно сончево и многу топло време со слаб до умерен ветер претежно од југоисточен и од севроисточен правец.
Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од 13 до 22 степени а преку денот тие ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 39 степени. Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта до околу 19 степени а преку денот таа ќе се искачува до околу 37 степени.
Ув индексот викендов ќе има многу висока вредност и ќе изнесува вредност 9. Токму поради многу високиот Ув индекс ги советувам граѓаните, особено оние повозразните без потреба да не излегуваат во периодот од 10 до 17 часот. Исто така ги советувам граѓаните за време на овие многу топли летни денови да пијат повеќе течности и да се ладат.